Аферата со нелегален увоз на медицински материјали за еститка – ботокс и филери, е топ тема.
Како што е познато во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи беа уапсени 14 лица, по направени претреси во Скопје, Струмица и Битола.
Меѓу осомничените се и доктори од ЈЗУ „8 Септември“ и ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје, сопственици на приватни дерматолошки ординации, како и лица кои организирале транспорт и дистрибуција на нелегално внесени лекови и медицински помагала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие се сомничат за кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.
Со кривичната пријава се опфатени и шест правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестмина во затворски, а четворица во куќен притвор за нелегалниот увоз на ботокс и филери
Шесмина од приведените добија затворски, а четворица куќен притвор. На останатите пак им беа одредени мерки на претпазливост.
Што е Ботокс
Станува збор за многу популарен естетски третман, кој се користи за подмладување на лицето и вратот, а се користи и за прекумерно потење.
Третманот преставува релаксирање на мускулите и измазнувањето на брчките.
Ботоксот е супстанца која што се добива од бактеријата Clostridium botulinum. Во третманите се користи пречистена, слабо концентрирана форма на токсинот и се аплицира во многу мали дози. Прави инхибиција на невромускулната трансмисија, со што се прекинува сигналот помеѓу нервите и мимичните мускули и се спречува нивната контракција. На овој начин мускулите се релаксираат, брчките на кожата се измазнуваат и се спречува појавата на нови брчки.
Ботокосот е безбеден, доколку се прави на вистинското лиценцирано место.
Третманот се состои од инјектирање на ботокс во мали количини, при што се користат многу мали и тенки игли. Третманот е едноставен, безбеден и безболен и најчесто трае околу 15 минути.
Можно е во зоната на инјектирање да се појават модринки и оток кои исчезнуваат многу брзо. Во текот на првите два дена од апликацијата можна е појава на главоболка, како и чувство на тежина во очните капаци кои брзо се повлекуваат.
Што се филери
Филерите се сочинети од хијалуронската киселина, природна полисахаридна супстанца што секојдневно се произведува во организмот. Околу 50% од нејзината вкупна количина се наоѓа во кожата.
Хијалуронските филери во облик на гел се инјектираат во кожата со цел да се надокнади количината на хијалуронска киселина која со текот на времето се ресорбирала.
Со третманот значително се подобрува квалитетот на кожата, нејзината хидрираност и исхранетост.
Третманот е безбеден, ако се прави на вистинското лиценцирано место.
Алергиските реакции се речиси невозможни, бидејќи хијалуронската киселина е природна состојка на кожата.
Третманот се состои од инјектирање на хијалуронски филер директно во кожата во мали количини, при што се користат многу мали и тенки игли. Третманот е едноставен, безбеден и безболен и најчесто трае од 10 до 30 минути.
Можно е во зоната на инјектирање да се појават црвенило, модринки, лесен оток или зголемена чувствителност кои исчезнуваат многу брзо – во текот на неколку часа до неколку денови.
Фото: Унсплеш












