Централна кооперативна банка АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 8,12 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 3% и остварување на поставениот план од 100%.
Во првото тримесечје од 2026 година, евидентиран е мал пораст на кредити и на побарувања од други комитенти за 3% во однос на крајот на годината, при што планот за овој период е исполнет 100%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.
Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени за 15% и на ниво на планот со исполнување од 121%. Кај позицијата вложувања во хартии од вредност евидентиран е мал пораст за 2% во однос на крајот на претходната година и понизок од планот за 2%.
Позицијата останати побарувања е пониска во однос на крајот од минатата година за 69%, и пониска во однос на планот за 70%.
Позицијата нематеријални средства бележи пад во однос на крајот на минатата година за 1%, и кај недвижности и опрема е забележано намалување за 1%, во текот на првото тримесечје на 2026 година, велат од таму.
Позицијата преземени средства е на исто ниво во текот на првото тримесечје на 2026 година во однос на крајот на годината, посочуваат од таму.
-На 31. март 2026 година, билансната вредност на издадените конвертабилни обврзници бележи благ пораст во однос на крајот на минатата година. Вредноста на издадените конвертабилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски.
Позицијата депозити на други коминтенти бележи благ пораст во однос на крајот од годината од 2%, и целосно исполнување на планот.
Во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банка ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 5% во однос на истиот период минатата година, додека остварените расходи за камати во известувачкиот период се пониски за 6% во однос на планираните, велат од таму.
Банката остварила повисоки вкупни приходи од камати за 10% во споредба со истиот период минатата година.
-Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото. Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истиот период претходната година од 12%.
Во март 2026 година, забележан е пад на приходите од провизии за 2% во однос на истиот период минатата година, но во однос на планот се пониски за 16%. Намалените расходи за провизии од 12% придонесоа кон зголемување на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 5%, во однос на истиот период претходната година, додека во однос на планот се пониски за 13%.
Позицијата трошоци за вработените бележи пораст од 6% во однос на истиот период претходната година и тие се пониски за 4% во однос на планираните.
Позицијата останати расходи од дејноста е на исто ниво во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 14%.
Останатите приходи од дејноста се пониски за 22% од планираните, и се за 39% пониски во однос на истиот период од 2025 година.
Во првото тримесечје од 2026 година реализирани се повисоки нето–приходиод курсни разлики за 16% во однос на истиот период минатата година.
Расходите за амортизација се повиски во однос на истиот период минатата година за 90%, и се 13% пониски во однос на планираните, поради промена на начинот на евидентирање и примена на новиот стандард МСФИ16.
Заклучно со 31. март 2026 година, евидентно е зголемување на издвоените резервации за кредитните изложености, при што еиздвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 3,6 милиони денари, односно забележано е зголемување на оваа позиција за 0,83 милиони денари во однос на истиот период минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Централна кооперативна банка лани
17 милиони денари за членовите на УО на Централна кооперативна банка лани
Фото: Унсплеш













