Неделчо Крстевски, членот на Советот на Општина Карпош е во фокусот на јавноста откако го заменува градоначалникот на Општината, Сотир Лукровски.
За Лукровски од Општината велат дека бил на боледување, не е познато до кога, а дел од медиумите објавија дека тој всушност си дал оставка, бидејќи не сакал да потпишува документи во врска со работењето на Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот Сотир Лукровски не си поднел оставка, на боледување е, велат од Општината
Од Општината демантираат дека си дал оставка.
Сега Крстевски според решението кое е објавено во Службен гласник на Општината ќе го менува Лукровски во периодите кога тој е отсутен, а е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на Општината.
Тој сега ги има истите права и обврски како и Лукровски, но неможе повеќе да биде член на Советот на Општината.
еМагазин разгледа каков имот Крстевски пријавил до Антикорупциската комисија кога станал член на Советот на Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Неделчо Крстевски, кој ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Каков имот пријавил
На свое име пријавил недвижен имот во Карпош.

На свое и на име на сопругата пријавил возила.

Како и Лукровски, пријавил и оружје.

Има и кредит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош
Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош
Фото: Фејсбук/Крстевски














