еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Во друштво на премиерите од Западен Балкан: Наместо Заев, Анѓушев на работен појадок кај Курц

Наместо премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска присуствуваше на официјален работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан кои ќе учествуваат на 15-тиот Виенски економски форум.

Од Владата информираат дека главна тема за која разговарале Курц и лидерите од Западен Балкан, била регионалната соработка која има важна улога во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, начините за нејзино унапредување преку процеси на дигитализација, поврзување и економската соработка.

По завршувањето на официјалниот дел од работниот појадок се одржа заедничка прес-конференција на која се обратија австрискиот канцелар Себастијан Курц, комесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, комесарката за дигитална економија и општество, Марија и Габриел, премиерите од Западен Балкан и Анѓушев.

Канцеларот Курц изразил голема поддршка за земјите од Западен Балкан за процесот на ЕУ интеграција посочувајќи ја регионалната соработка како клучен сегмент кој ќе го забрза зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ и еден од приоритетите на австриското претседавање со Европската Унија.

Во таа насока била посочена важноста од продолжување на иницијативата за формирање на регионална економска област како прв чекор во понатамошното интегрирање во единствениот европски пазар.

На прес-конференцијата се обратија и премиерите на земјите од Западен Балкан кои зборуваа за приоритетите и следните чекори кои ги преземаат во насока на интензивирање на регионалната соработка.

– Да се биде мала земја во регионот значи да се води сметка за економијата и за подобар живот на граѓаните. Подобар животен стандард за граѓаните може да обезбедиме само преку подобрување на економијата, што подразбира обезбедување државна финансиска помош, владеење на правото и законите, како и стабилност во земјата. Стабилна држава, особено за мала земја како Македонија, значи интеграција во подобар безбедносен и европски систем, порача  Анѓушев на заедничката прес-конференција.

Токму поради оваа причина, како што додаде Анѓушев, Македонија ќе биде посветена на овој процес.

– Ќе ги вложиме нашите најдобри напори за да ја завршиме нашата домашна задача, но и за да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани. Да покажеме повеќе капацитет за регионална соработка, меѓу нашите држави, особено ако сакаме да имаме подобра соработка во Европската унија во иднина, порача вицепремиерот Анѓушев.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

166 нови случаи на Ковид-19 од 1.049 тестирања, во Скопје 88

Редакција

Убава вест: 1.118 оздравени од Ковид-19

Редакција

ЈП „Стрежево“ Битола го демантира МВР за местењето на тендер за набавка на ратрак

Редакција