еМагазин
Image default
Локално

ЕЛЕМ ќе му позајми пумпи на Хидробиолошкиот завод во Охрид, за да се обезбеди вода во Студенчишки канал

Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал, АД Елем информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17 сантиметри над долната граница според дозволата, односно 10 сантимери според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.

„Испустот на вода преку регулациониот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво, кое што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината.

За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Фото: А1он.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Страшна глетка: Масовен помор на плашица во Охридското езеро поради ниското ниво на кислород во водата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е постојана едукација и надградба за достигнување висок квалитет во млекопроизводството

Редакција

Неколку лица физички нападнале двајца скопјани во населба Аеродром

Редакција

Тетовчанец пријавил дека исчезнала сопругата

Редакција