еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Колку луѓе биле прислушувани лани по барање на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство во текот на минатата година ја применувало мерката следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации во постапка утврдена со закон во вкупно 32 случаи, против 230 лица со утврден идентитет и во 52 предмети во кои се применувала мерката – следење телефонска линија која ја користи непознато лице во момент кога се спроведува мерката, покажува најновиот извештај на обвинителството.

Во осум случаи примената на оваа мерка треале до еден месец, во два случаи до два месеци, во седум случаи до шест месеци, во четири случаи до девет месеци и во еден случај над девет месеци.

Како резултат на доказите прибавени преку примената на овие мерки, во шест случаи против 48 лица е донесена наредба за отворање истрага, со 4 лица е склучена спогодба во текот на истрагата, за 11 лица е поднесен обвинителен акт, од кои со 6 е склучена спогодба, во 3 случаи за 39 лица постапката е запрена, бидејќи не се обезбедени доволно докази и во еден случај мерката се уште трае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов ги повика МВР и УБК да одговорат врз основа на што го следат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои кандидати најдобро котираат на листата за нови членови и претседател на Антикорупциска

Редакција

Убава вест: 553 оздравени од Ковид-19

Редакција

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на месецот

Редакција