Друштвото за брзи кредити “Креди Јес“ (Credi Yes) ДОО Скопје, откако остана без дозвола за работа, која му беше одземена од Министерството за финансии, е во фокусот на јавноста.
Истото на македонскиот пазар работеше од 2019 година, а неговите сопственици се од Бугарија.
Има 39 подружници во Скопје, Струмица, Битола, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп..
Во Македонија, Друштвото има околу 110 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кое е друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола
Како работело
Порталот Пари повикувајќи се на податоци на Бизнис Мрежа објави дека Друштвото во 2021 година имало приходи од 287 илјади евра.
Во 2021 година имало загуба од 123 илјади евра, а во 2023 година исто така имало загуба – од 67,3 илјади евра.
Во 2025 година пак имало добивка од 1,14 милиони евра, што е речиси 30% повеќе од претходната година, а приходите му изнесувале 4 милиони евра.
Друштвото во Македонија почнало да работи со 14 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто фирмата за брзи кредити “Креди Јес“ остана без дозвола за работа
„Креди Јес“ е друштвото за брзи кредити на кое Министерството за финансии му је одезеде лиценцата
Фото: Унсплеш














