САД и Иран постигнаа мировен договор

САД и Иран постигнаа прелиминарен мировен договор, а информацијата ја потврдија и двете земји, како и медијаторот – Пакистан.

Сите детали од договорот за кој се најавува дека ќе биде потпишан во петок во Женева, Швајцарија, засега не се официјално познати, а тоа што го потврдуваат трите страни е дека целосно ќе се отвори Ормускиот теснец, чие нефункционирање донесе голема штета за земјите од Блискиот Исток, но и за целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е значаен Ормускиот теснец

Исто така треба да биде отстранета и американската блокада на иранските пристаништа.

Овие две работи треба да се случат по потпишувањето на договорот, а воените дејствија трајно треба да бидат прекинати од вечерва.

Договорот исто така предвидува и прекини на нападите на Израел на Либан, но тоа засега е неизвесно.

Засега не е јасно што ќе со случи со барањето на САД – Иран да се откаже од нуклеарната програма и да го ограничи вооружувањето, како и со санкциите за Иран.

Војната во Иран и на Блискиот Исток започна на 28. февруари откако САД и Израел ја нападнаа земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата нагло поевтини по најавата за договор помеѓу Иран и САД, ама аналитичарите се претпазливи

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести