Путин му е идол, а возилата на бугарската Амбасада ги запалил оти биле паркирани непрописно: „Слободен печат“ со нови детали за осомничениот

Вчера полицијата експресно неколку часови откако беа опожари две возила на бугарската Амбасада го уапси И.Д. од Скопје, но засега нема официјална информација кој бил мотивот за да го направи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР

Инцидентот дополнително ги влоши и така веќе заострените односи помеѓу Македонија и Бугарија, а за среќа немаше поголема штета и повредени лица.

Додека јавноста во Македонија, но и во Бугарија, очекува повеќе детали за сериозниот инцидент, Слободен печат објави дека осомничениот, кој како што информираа од полицијата, го признал кривичното дело, на стомакот имал тетоважа од рускиот претседател Владимир Путин, кој му бил херој и идол.

Според весникот кој се повикува на добро упатени извори, засега мотивот за инцидентот не бил поврзан со Бугарија, туку осомничениот се „изнервирал“ дека возилата биле непрописно паркирани, откако тоа го видел во репортажа, па фатил автобус од Драчево и дошол пред Амбасадата.

Весникот прашува и дали инцидентот е хибридна операција на странски фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Веста за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје го обиколи регионот

Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, велат од МНР на Бугарија

Осуда за опожарувањето на дипломатските возила пред бугарската Амбасада од Владата

Фото: бугарска Амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести