Во годишниот извештај за работењето лани, ПроКредит банка АД Скопје, објавен преку Македонската берза, меѓу друго, информира дека на Управниот одбор (УО) му се исплатени вкупно 33.78 милиони денари по основ на бруто плати од кои сите се со фиксен надоместок, а дополнително се исплатени и 15 илјади денари како варијабилен надоместок.
На вкупно 28 лица со посебни права и одговорности им исплатени вкупно 60.83 милиони денари за бруто плати, а дополнително се исплатени и 201 илјади денари како варијабилен надоместок.
На вкупно 305 лица вработени во Банката, им се исплатени вкупно 277.66 милиони денари за бруто плати како фиксен надоместок и 1.50 милиони денари како варијабилен надоместок.
За присуство на седници на членовите на Надзорниот одбор (НО) им се исплатени 1.84 милиони денари на тројца членови на НО и 615 илјади денари на двајца членови на Одборот за ревизија.
Заклучно со 31.12.2025 година во УО на Банката се Емилија Спировска, Стевче Кузмановски, Милан Дамчевски и Маја Михајлова.
Во НО за тој период биле Кристиан Едгардо Дагроса, Јованка Јолеска-Поповска, Ериола Биболи, Дрисс Нор, Каспар Бауман и Елена Наумовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стевче Кузмановски реизбран за член на УО на ПроКредит банка
Маида Захировиќ Салом именувана за член на НО на ПроКредит Банка
Јованка Јолеска Поповска реименувана за член на НО на ПроКредит Банка












