еМагазин
Image default
Локално

Нема крај на жртвите: Почина средношколецот кој беше прегазен на штипскиот булевар Гоце Делчев

Почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев” во Штип.

Директорот на СОУ „Коле Нехтенин”, Дејан Павлов за МИА потврдува дека 15-годишното момче синоќа во Клиничкиот центар во Скопје по неколкуте операции на главата и на градите починал.

Посмртните останки на Седат ќе бидат погребани на гробиштата во село Радање во Општина Карбинци.

Надлежните од Основното јавно обвинителство информираат дека ќе го чекаат извештајот на лекарите и вештачењето од сообраќајната несреќа, по што ќе се комплетира предметот против 68-годишниот возач, кој на преминот не застанал, го удрил момчето и по булеварот го влечел околу 15 метри.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители од Штип на протест на пешачкиот премин каде беше прегазен средношколец: Преземето нешто, заштитете ги децата

Во критична состојба е средношколецот прегазен во Штип: Неколку метри бил влечен по булеварот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје организира „Историска тура со маршалот“, водич Војче Китановски

Редакција

Двајца повредени во пукање во обложувалница во Топанско Поле

Редакција

Една жена почина, а три лица се болни од лишманиоза во Штип

Редакција