еМагазин
Image default
Локално

Двајца повредени во пукање во обложувалница во Топанско Поле

На 04.01.2020 во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје, информира МВР.

Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сузбиена криминална група: Дилале марихуана во Струга, Охрид, Битола, Велес и Тетово

Редакција

Oбвинителство Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Редакција

Девојче му пратило експлицитни фотографии, тој ги покажувал на другарите

Редакција