Топ вест во Грција е убиството на 45-годишната Ставрула Левендаки во близина на Ханија, на островот Крит.
Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, убиството го извршил 43-годишен македонски државјанин.
Имено, тој бил потстанар во куќата на убиената жена од селото Агиа, која се водеше за исчезната околу три недели.
Тој го признал убиството и на полицијата и покажал каде го закопал телото.
Според неговиот исказ до убиството дошло по кавга, бидејќи жената постојано се жалела дека тој и го оштетува имотот. По убиството ја закопал во нива на околу 5 километри од куќата каде бил потстанар.
Жена имала повреди во пределот на градниот кош и повреди од удар на главата.
Нејзиното тело беше пронајдено утринава.
Сепак полицијата ја истражува и можноста дали станува збор за убиство со сексуален мотив.
Фото: Фејсбук













