Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека На 21.06.2026 годинаво 15:45 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(24) од селото Мусинци, Општина Могила, патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишната В.М. од Битола и патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (51) од Скопје.
„Во несреќата тешко е повредена возачката на „сеатот“, В. М., додека со полесни телесни повреди се здобиле нејзините сопатници, С. В., на возраст од 37 години, Н. В., на возраст од 40 години, и двајца малолетници, сите од село Возарци, кавадаречко.
Со повреди завршиле и двајцата возачи Д. Р. и Г. М., констатирани во Градската болница Прилеп,“ велат од таму.
Фото: Унсплеш













