еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) По 32 години нова железничка пруга кон Грција: Битола-Кременица готова до крајот на годината

До крајот на годината целосно ќе биде завршена железничка пруга на релацијата Битола-Кременица.

Пругата и трасата се целосно изградени, а во текот на овој месец останува уште да се изврши инсталација на системот за сигнализација и други технички работи.

Со оваа пруга ќе се обезбеди ново поврзување со Солунското пристаниште и брз и поевтин транспорт на стоки и услуги, не само за домашните, туку и за странските компании што ги користат нашите железници.

Станува збор за проект којшто е финансиран од ИПА фондовите, како и помош од ЕУ за Република Македонија.

По цели 32 години Македонија повторно железнички ќе се поврзе со Грција.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арт Поинт-Гумно гостува во МКЦ

Редакција

(Видео) За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Редакција

„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници

Редакција