Имаме сериозен проблем кога дете од 12 години ужива, снима и се смее, додека гледа како друго е плукано и влечено за коса: Реакции на социјалните мрежи за новото малолетничко насилство во Аеродром

Новиот случај со малолетничко насилство, и уште еднаш помеѓу девојчиња, во скопски Аеродром, ја згрози јавноста.

Како што е познато на снимката која заврши на социјалните мрежи и во медиумите, се гледа како девојчиња брутално малтретираат друго девојче, клекнато на колена, молејќи за помош, а други, меѓу кои и момчиња го снимаат гнасниот чин, навиваат и се смеат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Брутално насилство врз малолетничка во Аеродром, едни ја тепат, други малолетници навиваат и снимаат

Случајот не беше пријавен во полицијата, а се случил пред неколку дена. Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираа дека реагирале по допрен глас и во текот на вчерашниот ден почнаа да повикуваат на распит дел од учесниците, а било разговарано и со девојчето жртва.

За случајот е известен и јавен обвинител.

Еве дел од реакциите на Фејсбук:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилничките направиле “селфи“ со шестооделенката додека таа крварела од устата и носот: Нови вознемирувачки детали за малолетничкото насилство во Ѓорче Петров

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

(Вознемирувачко видео) Малолетнички тепале девојче во Чаир и го снимиле нападот, полицијата го расчисти случајот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести