Две малолетни момчиња на возраст од 12 и 15 години во Скопје се повредени со нож од врсници, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
12-годишното момче било нападнато од врсници во населбата Шуто Оризари и поради повредите, завршило во болница.
15-годишното момче пак било нападнато во Драчево, исто така од врсници.
И во двата случаи, полицијата презема мерки за идентификување на сите учесници и утврдување на одговорноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два нови случаи на малолетничко насилство во Скопје: Во Карпош нападнато момче, во Центар девојче
Фото: Unsplash














