Јетон Шасивари, од Вреди, ќе биде нов министер за правда.
Тој доаѓа на местото на Игор Филков, кадар на ЗНАМ.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.
Кој е Шасивари
Тој моментално е редовен професор по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) во Тетово.
Шасивари е доктор по правни науки во уставноправната област.
Додипломски студии завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје.
Магистрирал на Правниот факултет во Приштина, Косово.
Докторирал на Правниот факултет при УИЕ во Тетово.
Од 2002 година е вработен на Правниот факултет при ЈИЕ Тетово, прво како помлад асистент, па асистент, а потоа и како професор.
Тој е и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Зборува и англиски, српски, хрватски, босански и турски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство
Кој е Иван Стоилковиќ, кој ќе биде новиот министер за локална самоуправа
Фото: Шасивари/Фејсбук














