За еден од последните случаи на насилство помеѓу малолетници, во кој цел на напад беше 12-годишно девојче во скопски Аеродром, а инцидентот беше сниман од страна на други малолетници со мобилен телефон, Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави за четири малолетници инволвирани во истиот и за пет родители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидентот се случи на 30. јуни, а како што информираа од МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, за две малолетнички е поднесена кривична за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.
Против еден малолетник е поднесена кривична за сторено кривично дело „поттикнување“, казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и за „неовластено снимање“, казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Против друг малолетник исто така е поднесена кривична за сторено кривично дело „неовластено снимање“.
Кривични се поднесени и за родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А.. Тие добија кривични за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














