Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 12.07.2026 година околу 06:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека починал М.А. (56) од селото Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 година бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа.
По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.














