Вчера во Скопје, Штип и Струмица дуваше ветер со урганска силина каков што не паметат многу граѓани, а истиот предизвика голема штета, најмногу во Скопје, каде има и повредени лица.
Во Скопје според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), орканскиот ветер бил со брзина од 130 километри на час со правец север-северозапад.
Во Штип ветерот бил со брзина од 134 километри на час со правец запад-северозапад, а во Струмица 130 километри на час со правец северозапад.
Сепак како што пишува Слободен печат тоа не е најбрзиот регистриран ветер во Македонија. Максималната измерена брзина на ветер во земјава е 150 километри на час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје
(Видео) Големо невреме го погоди и Штип
Фото: Општина Центар














