Од загадената вода од градскиот водовод во Општина Гостивар досега заболеле околу 4.000 лица.
Како што информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, бројот на заболени опаѓа и денеска има нови 80 кои првпат побарале лекарска помош. Бројката е двојно помала отколку претходните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Гостивар се уште не смее да се користи ниту за техничка употреба
Тој информираше дека Министерството за здравство и надлежните ќе започнуваат со целосна епидемиолошка анализа за прецизно утврдување на хронологијата и одвојување на случаите од епидемијата од редовните гастроентеритични заболувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можна е појава на жолтица во Гостивар
Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели
Фото: Унсплеш














