Во првите шест месеци од годинава Адинг АД Скопје остварил вкупен приход од 347.752 илјади денари, кој е поголем од минатогодишниот за 26.679 илјади денари, односно има зголемување за 8,3%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 344.271 илјади денари или 99% од вкупниот приход, од кои 63,2% се приходи од продажба на домашен пазар и 36,8% приходи од продажба на странски пазар, велат од таму.
Учество во вкупниот извоз на Србија е 47,4%, Бугарија 21,9%, Црна Гора 8,9%, Босна и Херцеговина 7,9%, Украина 7,6%, Косово 4,1%, Либија 1,4 и Грција 0,8%.
-Во истиот период, остварени се вкупни расходи во износ од 295.300 илјади денари, што претставува зголемување во однос на минатогодишните за 18.192 илјади денари, односно за 6,6%.
На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 49.257 илјади денари, која е поголема за 15% во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 42.822 илјади денари.
Добивката пред оданочување во износ од 49.257 илјади денари е за 114,4% поголема од планираната во износ од 22.970 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адинг лани со зголемена добивка
Кои се најголеми акционери во Адинг
Адинг ги објави платите на менаџментот
Фото: Адинг














