Алмир Даути е назначен за нов в.д. директор на јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ Гостивар, откако в.д. директорката Артана Асани, заврши во притвор поради загадената вода во гостиварскиот водовод.
Даути има 49 години и над 15 години работи во ЈП “Комуналец“ Гостивар.
Последниве седум години, како што информираа од Општината раководел со Одделението за комерција во јавното претпријатие.
Тој е дипломиран економист.
Заедно со Асани во притвор завршија и двајца раководители во јавното претпријатие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Гостивар има ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања
Каков имот пријавила Артана Асани, директорката на „Комуналец“ Гостивар, која заврши во притвор
Фото: Фејсбук/Даути














