Која е Мери Дика Георгиевска, која е избрана за уставен судија

Мери Дика Георгиевска е нов уставен судија.

Таа на новата позиција дојде од претседателското место во Апелацискиот суд Скопје, каде работела на предмети од граѓанска област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мери Дика Георгиевска избрана за уставен судија

Беше предлог на Судскиот совет.

Ќе има мандат од девет години, без право на повторен избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која е предложена за нов уставен судија

Која е Дика Георгиевска

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во септември 1985 година.

Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот “Американ Колеџ“ Скопје во октомври 2014 година.

Правосуден испит положила во февруари 1987 година.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство

Од 1985 до 1986 година работела како адвокатски приправник кај адвокатот Ристо Дика на стопанска материја.

Од 1987 до 1989 година работела како адвокатски стручен соработник кај истиот адвокат, на стопанска материја.

Од 1989 до 1996 година работела како адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.

Од 1996 до 2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.

Од 2005 до 2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Од 2012 до 2018 година е член на Судскиот совет.

Од 2018 година е судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на стопанските оддели.

Во октомври 2023 година со одлука на Судски совет е назначена за вршител на должност (в.д.) претседател на Апелационен суд Скопје.

Во октомври 2023 година е избрана за претседател на Апелационен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Гоце Наумовски, уставниот судија што поднесе оставка

Кој е Гоце Наумовски, уставниот судија кој си поднесе оставка

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести