УНИ Банка со намалена добивка во првото полугодие

УНИ Банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 114,5 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Истата споредено со истиот период лани е намалена. Тогаш изнесувала 202,9 милиони денари.

Остварените приходи изнесуваат 1.155,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 0.4%.

-Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 114,5 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66.8% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период  од 2025 година се намалени за 0.9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

Инаку, каматните приходи бележат пад поради намалените каматни стапки на кредитните продукти како одговор на пазарната динамика и намалената референтна каматна стапка и свесен избор преку конкурентни услови да се оствари пораст на клиентската база и зголемен обем на бизнис што ќе генерира стабилни приливи и преку вкрстена продажба во тековната и во годините што следат.

Освен тоа, намалените каматни приходи се одраз и на подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио на Банката, со што на долг рок се очекува да се намали и потребата од дополнителни резервации, велат од таму.

Остварените расходи изнесуваат 1.041,3 милиони денари и бележат зголемување од 8.8% во однос на истиот период од 2025 година.

-Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемувањето на расходите за провизии како резултат на зголемувањето на трошоците од страна на картичните организации за cross border трансакции и за лиценци.

Зголемувањето на резервациите изврши притисок врз тековниот резултат, меѓутоа истото е показател за одговорниот и конзервативен пристап на Банката кон управувањето со ризици, кој овозможува одржување на стабилноста во случај на непредвидени надворешни економски промени, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акцијата на УНИ Банка стана дел од МБИ10

Орлин Георгиев Ваташки купи акции на УНИ Банка

Колку пари зел менаџментот на УНИ Банка лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести