Жито лукс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 579 илјади денари, што претставува намалување од 5 милиони денари во споредба со истиот период од минатата година, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Бруто-добивката изнесуваше 189 милиони денари, при што Друштвото реализираше бруто профитна маржа од близу 32%, велат од таму.
Приходите од продажба изнесуваа 595,4 милиони денари, што претставува минимален раст од 0,1% во споредба со претходната година.
-Трошоците за продадени производи останаа на исто ниво како и минатата година.
Административните трошоци се повисоки за 12%, додека трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 6%.
Зголемувањето главно произлегува од повисоките оперативни трошоци, повисоките трошоци за плати, како и зголемените логистички и дистрибутивни трошоци, вклучувајќи го и влијанието на инфлаторните притисоци, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесуваат надоместоците на менаџментот на Жито лукс лани
По 300 евра месечно ќе земаат членовите на НО на Жито лукс














