Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер Б-98 се намалува за два денари, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 93 денари за литар.
Цената на дизелот ќе изнесува 99,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари и ќе се продава за 46,419 денари за килограм.
Фото: Unsplash














