Кожувчанка од Кавадарци го добила договорот за бесплатната вода за жителите на Општина Гостивар, откако таму беше прогласена епидемија по загадувањето на водата во градскиот водовод.
Договорот со компанијата како што информираа од Владата бил склучен преку тендер, со договарање со Службата за општи и заеднички работи при Владата.
Од таму информираа и дека Владата платила 12,5 денари за едно шише вода од 1,5 литри, кое како што велат од таму во малопродажба чини најмалку 25 денари.
-Тоа е возможно затоа што компанијата Кожувчанка учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба, велат од Владата.
Од таму информираат и дека граѓаните на Општината ќе добиваат бесплатна вода додека истата нема да биде безбедна за пиење.
Информацијата од Владата следи откако од опозициската СДСМ обвинија дека водата е набавена без јавен повик односно на тендер, а според партијата станува збор за договор вреден 100 илјади евра.
Фото: еМагазин














