Вкупните увезени количества на нафтени деривати во Македонија во 2025 година изнесуваат 1.311.942 тони, што е за 0,133% помалку во однос на увезените количества во 2024 година (1.313.694 тони), покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.
Најголем увозник и оваа година е ОКТА АД Скопје, којашто учествува со 71,722%.
Следуваат Супертрејд Скопје со 9,456%, Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје со 7,388%, ЕКС ФИС со 2,250%, Пертинакс со 1,553%, Јавор Шпед со 1,455%, и ОМ Петрол Скопје со 1,248%.
На останатите трговци отпаѓа повеќе од 4% учество во вкупниот увоз.
Значителен е порастот во увозот на млазното гориво од 13,67%, споредено со 2024 година, исто и кај бензините има зголемување на увезените количества во 2025 година за 7,97%, а увозот на мазутот во
2025 година е зголемен за 0,83% споредено со претходната година.
Намалување има во увозот на дизел горивата од 3,28%, намалување од 1,08% се забележува кај течниот нафтен гас (ТНГ) и кај Екстра лесното гориво (ЕЛ-1) од 0,91%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати
Кои нафтени деривати се најпродавани во Македонија
Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани
Фото: Унсплеш














