Цената на становите во Охрид се вивна и до 4.000 евра за квадрат

Цената на становите освен во Скопје од 2022 година расте и во најпознатиот туристички центар во Македонија – Охрид.

Како што пишува весникот Вечер, зависно од локацијата, метар квадратен за стан во Охрид достигнува и до 4.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на становите во Охрид пораснала за 27%

Станува збор за новоизградени станови кои се во центарот на градот и во непосредна близина на Охридското Езеро.

Во другите делови од центарот на градот цената за метар квадратен за новоизградени станови се движи од 1.500 до 3.000 евра, велат за Вечер од локалните агенции за недвижности.

Во населбите кај Билјанини Извори и на влезот во градот цените за станови во фаза на изградба се движат од 1.300 до 1.400 евра за метар квадратен.

Зависно од локацијата и состојбата, цената на постари станови се движи од 1.000 до 2.000 евра.

Главна причина за раст на цената е недоволната понуда на станови, а последните години се почесто како купувачи се јавуваат и странци од Турција, Германија, Италија, Швајцарија и од други европски земји. Дел од нив истите ги купуваат како инвестиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стан во скопски Центар продаден за 3.360 евра за квадрат, а во Охрид за 3.200 евра: Најскапите станови во првото полугодие

Каде се продаваат најмногу станови и деловен простор

Колку е просечната месечна закупнина по метар квадратен станбен простор во Центар, Аеродром, Штип…

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести