Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 5. август во 20:30 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени.
МВР информира дека 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.














