44-годишен маж од Љубојно загинал на влезот во Брајчино

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 09.08.2026 година во 05:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола било пријавено дека на влезот од ресенското село Брајчино, В.Т. (44) од ресенското село Љубојно, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

-Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести