еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Со преслушување на снимените разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На минатото рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година.

Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборте, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.

На почетокот на минатото рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Во „Титаник“ покрај Никола Груевски обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се преслушани околу 950 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Барањата на Бугарија влегуваат во преговарачката рамка, тврди Милошоски

Редакција

Еден од обвинетите не дојде: Стартот на новото судење за „Таргет-Тврдина“ одложено за утре

Редакција

81,2% од починатите со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција