Пожарот во скопско Шуто Оризари, во кој завчера изгореа над 20 дуќани бил подметнат покажува снимка од безбедносна камера.
Истите беа во тамошниот трговски центар, а снимката ја објави Рома њуз.
На снимката се гледа како две момчиња доаѓаат со електрични тротинети пред дуќаните, по што едното од нив потпалува оган и предизвикува пожар, по што двајцата бегаат.
Во дуќаните имаше текстилна и друга стока.
Дуќаните се во сопственост на лицетото С.С., а биле дадени под закуп, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму засега нема нови информации за пожарот и дали некој е приведен.
Снимката погледнете ја ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во пожар во Шуто Оризари изгореа над 20 дуќани
Фото: Унсплеш/видео: Рома њуз














