Поради кризата на Блискиот Исток, цената на горивата во Македонија подолг период е во фокус.
Како што е познато земјава целосно е зависна од увоз на нафта.
Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) се намали за 2 денари и сега се продава за 99 денари за литар, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголеми за 3,50 денари, и тие се продаваат за 100,50 денари, односно за 102,50 денари за литар.
Цената на дизелот се намали како резултат на одлуката на Владата да го намали Данокот на додадена вредност за него од 18 на 10%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10%
Што повеќе се продава?
Во Македонија според годишниот извештај за 2025 година во продажбата на нафтени деривати доминира дизелот со 74,16%, следат безоловните бензини се со учество од 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%.
Потоа следуваат Екстра лесното масло (ЕЛ-1) со 2,08%, биогоривото со 0,14% и млазното гориво со 0,04%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати
Кои се најголемите увозници на нафтени деривати во Македонија
Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани
Фото: Унсплеш














