Во првото полугодие од годинава највисока цена за метар квадратен за стан во земјава има во скопски Центар, покажуваат податоците на Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар.
За стара градба просечната цена за метар квадрат изнесува 1.547 евра.
По Центар, следи уште една скопска општина – Аеродром, каде просечната цена за метар квадратен во стара градба изнесува 1.532 евра, а во скопски Карпош пак е 1.523 евра.
Кај становите од инвеститори, највисоки просечни цени има во Центар – 1.712 евра, следи Карпош со 1.167 евра, а во Општина Ѓорче Петров метар квадратен чини 1.062 евра
Најниски просечни цени пак се евидентирани во Струмица – 719 евра за метар квадратен кај стара градба и 689 евра кај станови од инвеститори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














