Маж на возраст од 60 години од гостиварско Равен бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото.
Станува збор за лицетот А.А., кое синоќа од страна неговата сопруга Ј.А. бил пријавен за исчезнат.
Таа во полицијата пријавила дека вчера околу 7 часот заминал на работа во Гостивар и не се вратил.
Од полицијата информираа и дека во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила.
За време на службените дејствија, денеска околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри. Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Фото: Унсплеш














