еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР со детали за тоа, кој ги поместувал камењата на границата со Грција

Триесет и шест годишен жител на селото Гермија, Битолско признал дека е одговорен за поместувањето на граничните камења меѓу Грција и Македонија.

Регионалниот центар за гранични работи Југ, како што соопшти МВР, го расчисти инцидентот, што се случи на  23 ноември, кога во периодот од 14:00 до 20:00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.

По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола.

Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело.

Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Фото: cdplodge.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР го потврди инцидентот на македонско-грчката граница: Надлежните констатирале оштетување на гранични камења во должина од 12 километри

Мистерија кој отстранил и уништил 105 гранични столбови, некои високи и до еден метар на грчко-македонската граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејството на скопјанецот кај кого посмртно беше утврден корона вирусот, не сакало да соработува со епидемиолозите

Редакција

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Редакција

Спасовски нема проблеми со предложените министри од ВМРО-ДПМНЕ, освен со Ковачки

Редакција