еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичниот суд нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Во Кривичниот суд Скопје продолжува судењето за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Титаник“ се наоѓа доказна постапка, а на минатото рочиште заврши сослушувањето на снимените разговори. На денешното рочиште треба да бидат разгледувани СМС пораки, предложени како доказен материјал.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.

Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титатник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција

Денеска сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Редакција

Попишувањето на дијаспората продолжува до 30 септeмври

Редакција