еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се сретне ли Заев со Виктор Орбан во Загреб?

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Загреб ќе учествува на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива.

На самитот ќе учествуваат и премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Унгарија Виктор Орбан, на Бугарија Бојко Борисов, на Албанија Еди Рама, на Романија Василица Дончила и на Словачка Петар Пелегрини. Најавени се и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабати.

Домаќинот на собирот Андреј Пленковиќ синоќа приреди вечера за учесниците, а за денеска се предвидени пленарна средба, бизнис форум и билатерални разговори.

Заев вчера имаше средба со Пленковиќ на која беше повторена хрватската поддршка за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Засега нема потврда дали Заев во Загреб ќе има средба и со неговиот унгарски колега Орбан на која би станало збор за случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега од Македонија и доби азил во Унгарија.

Со самитот во Загреб завршува претседавањето на Хрватска со ЦЕИ, чии приоритети беа натамошно проширување на ЕУ, зајакнување на економската соработка, справување со проблемот на миграцијата и зацврстување на врските со други регионални меѓународни организации. Следен едногодишен претседавач со ЦЕИ ќе биде Италија.

ЦЕИ е регионален форум за соработка во Централна и Источна Европа, основан во 1989 во Будимпешта. Во неа членуваат 18 држави: Албанија, Австрија, Белорусија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина. Главна цел на ЦЕИ е поддршка на државите членки на нивниот евроинтеграциски пат и нивно пролагодување со стандардите на ЕУ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за тужбата на Заев против Николовски одложено за 20 ноември

Редакција

На средба со Боки 13 во неговиот дом бил и министерот Венко Филипче, откри Камчев

Редакција

Со Уредба скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии за 2020 година

Редакција