Во стампедот од луѓе настанат по метеж во ноќниот клуб во местото Кориналдо во близината на Анкона загинаа шест лица, од кои петмина малолетници, додека околу 120 луѓе се повредени.
Загинале три девојки, две момчиња и една жена, мајка која со ќерката дошла на концерт во клубот, а во тешка состојба се 14 повредени лица.
Според неофицијалните информации, метежот се случил откако на рап-концерт некој пуштил солзавец во публиката.
Фото/Видео: Russia today
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.