Компанијата за производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје распиша оглас за набавка на масло за горење – мазут до 10.000.000 килограми со максимална содржина на сулфур до 1%.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 258.550.000 денари или околу 4,2 милиони евра.
Како место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите во огласот се наведени Топлана Запад (Тафталиџе-Скопје), Топлана Исток (Керамидница) и Топлана 11-ти Октомври (Кисела Вода).
Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.