еМагазин
Image default
Локално

На дело фатени разбојниците кои направија серија грабежи со лажен пиштол-запалка

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево во Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ж.М.(33) и Д.Т.(39) поради постоење на основано сомнение дека сториле шест кривични дела, од кои четири кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви согласно член 237 од КЗ на РМ и две кривични дела „Разбојништво во обид“ предвидени и казниви согласно член 237 в.в со член 19 од КЗ на РМ, информира МВР.

Имено, на 18-ти овој месец во близина на продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу” со намера да извршат кривично дело затекнати се пријавените лица, по што се лишени од слобода. При преглед над пријавените пронајдени се еден пиштол-запалка и други предмети што ги користеле при извршување на кривичните дела.

По преземени мерки и извршен разговор со приведените, тие ги признале делата и го појасниле начинот на извршување на шесте кривични дела за кои е поднесена кривична пријава.

Кривичните дела се извршени во текот на ноември и декември годинава, кога пријавените со закана со пиштол извршиле разбојништво во две трафики (тобако) лоцирани на булевар „Климент Охридски“ и улица „11-ти Октомври“ како и во четири аптеки лоцирани на булевар „Кочо Рацин“, улица „Вангел Тодоровски” и две на улица „Васил Главинов“, сите во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола

Редакција

Убава вест за скопјани: Заостанатиот долг од сметките за отпад ќе се наплатува без камата

Редакција

Скопјанец „шутирал“ полицајка во подземна гаража

Редакција