еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Огнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на телевизија „24“

Откако Младен Чадиковски стана претседател на Здружението на новинари на Македонија, на негово место, главен и одговорен уредник на телевизија „24“ е Огнен Јанески.

За оваа нова функција, Јанески напиша и статус на Фејсбук, кој Ви го пренесуваме во целост:

„На истиот овој датум, пред точно седум години, во 2011-та, бев на состанок за мое влегување во Телевизија 24 како уредник и водител на емисијата „24 за Животот“, која веќе не се емитува. Првата емисија и појавување во живо на оваа телевизија ми беше на 26-ти декември 2011-та година, пренесувајќи го знаењето што го собрав низ годините поминати во ЦПРТВ Прилеп, Македонско Радио 1 и 2, МТВ1, Сител ТВ, Утрински Весник, МакМедиум…

Следуваа многу предизвици (обврски како водител, новинар, автор, одговорен уредник на програма), многу емисии („24 за Животот“, „Очи в Очи“, „Мој Термин“, „Во тек…“, вести, отворени програми и студија…), документарни филмови („Катмер-глас – Вања Лазарова“, „Полуостровот на младите“, „Ај на нога, струмичане!“…), вклучувања во живо од разни земји низ светот (Србија, Грција, САД – Вашингтон, Њујорк, Сиетл, Русија, Италија…), но и од мили и немили настани кои ги пренесував во живо преку отворените студија, од коишто најдолгото седење во живо на програма ми траеше 7 часа и 52 минути во континуитет.

Поминав низ многу комуникации и соработки со досегашните главни и одговорни уредници на телевизијата и научив многу од нив. Колегите ми се постојана поддршка во се’ што правам, па така тоа и ќе продолжи понатаму, преку колективно живеење на сонот за медиум кој себеси се издигна за неколку години во водечките во Македонија.

Па така, со задоволство ја прифатив обврската за главен и одговорен уредник на телевизија 24, којашто ја преземам од колегата Младен Чадиковски, кому му посакувам среќа во предизвиците во Здружение на новинари (ЗНМ). Со гледачите ќе се гледаме низ други форми постојано за време на програмата на телевизијата, но, за тоа – откако ќе дојде новата година, откако обврската ќе ја преземам во јануари.

Благодарам за довербата од моите колеги и колешки од новинарскиот, техничкиот и од програмскиот кадар, коишто ја посочија довербата во мене, за заедно, како колектив да преземеме обврска за понатамошни издигнувања. Колективот се живее. И така и ќе биде.

И особена благодарност и најголем наклон до сите мои гледач(к)и! Зашто без нив, јас никогаш немаше да бидам тоа што сум“, напиша Јанески.

фото: Фејсбук-профил на Огнен Јанески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корупцијата во Македонија се влошува, а не се подобрува, вели британскиот амбасадор

Редакција

Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“

Редакција

Кој се заканува да не се продадат становите на Мијалков?

Редакција