Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа работно. Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад, информираат од Град Скопје.
„За време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата „Македонија“ и Старата чаршија„, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.