еМагазин
Image default
Да помогнеме

На студеното време бездомниците се згрижуваат: Еве на кои броеви може да ги пријавите

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период.

Пријавувањето може да се прави  на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; 071/397-272; 071/397-875; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733.

По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош.

На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна.

МТСП во соработка со Црвен крст во Скопје од пред еден месец го стави во функција интервентниот центар за бездомници „Момин поток“ каде што има 32 легла. Во периодот од 16.12.2018 до 09.01.2019 година реализирани беа 226 преспивања.

Покрај овој интервентен центар во функција се уште три регионални прифатни центри во Битола, Струмица и Струга.

Исто така, МТСП ги задолжи сите Центри за социјални работи низ Македонија на своите веб страници да објават дежурни телефонски броеви за пријавување на  бездомниците и другите семејства без соодветни услови за живеење.

За лицата и за семејствата кои од најразлични причини се доведени во состојба да немаат дом, како една од формите за вонинституционална социјална заштита на бездомни лица, воспоставен е Центар за бездомни лица Чичино село кој функционира согласно Законот за социјална заштита.

Со цел да ги заштити од ниските температури семејствата со деца коишто живет во импровизирани живеалишта под Кале, Министерството за труд и социјална политика уште во текот на ноември минатата година обезбеди сместување за дел од нив.

Околу 15 семејства се преселија во привремената монтажна населба во Визбегово, а дел  85 лица, од кои 49 се деца се сместени во во установата „Ранка Милановиќ“.

Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што истите беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани ќе може да донираат за настраданите во Хрватска, Црвен Крст отвори сметки

Редакција

Потребни се средства за лекување на Трајче Илиовски кој боледува од карцином

Редакција

ИТНО се потребни нулта позитив тромбоцити, за петгодишно детенце коешто боледува од леукемија

Редакција