Вчера попладне во Кочани пред угосителски објект „Аква“ во престрелка е рането едно лице.
„По претходна расправија меѓу две групи, денеска околу 17:15 часот во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани Д.С. пукал кон Д.З. и му нанел прострелна рана во слабината“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.