Две големи признанија од страна на магазинот „4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди „4×4 of the Year 2019 awards” за најзаслужни 4х4 возила, со посебни признанија се здобија возилата Jeep® Wrangler иFiat Panda Cross.
Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-road возила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакнаа двата модела на Fiat Chrysler Automobiles и тоа легендарните Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross.
Новиот Wrangler, лансиран минатата година во септември ширум Европа, ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил и на технолошката опременост со напредни решенија.
Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен досега во теренското возење благодарение на: два напредни системи за погон на 4 тркала (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување.
Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И двата нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler Во однос на кросовер категоријата, втора година по ред наградата е доделена на неверојатната Fiat Panda Cross.
Покрај тешката конкуренција, судиите го пофалија токму овој кросовер за неговите мотори, off-road способностите и задоволството во возењето.
Ова е само дел од долгата листа на достигнувања на Fiat Panda, вклучувајќи го и тоа што е првиот градски автомобил со 4WD технологија, првиот градски автомобил кој се искачи на надморска височина од 5.200 метри и кој стигнал до базниот камп на Еверест, како и првиот градски автомобил со природен гас во сериско производство.
Доколку сакате и одблиску да се запознаете со моделите на Fiat Panda 4×4 и Jeep® Wrangler, направете го тоа веднаш кај ексклузивниот увозник – Аутомобиле СК на ул. Скупи бр.8, во Скопје.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА