еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник 3“ продолжува на 22 февруари, за да се обезбеди клучен сведок

Судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ се одложува за 22 февруари со цел да се вложат дополнителни напори за обезбедување на еден од клучните сведоци во постапката предложен од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Судијката Оља Ристова на денешното рочиште рече дека судот смета дека не се преземени сите мерки за пронаоѓање на сведокот Б.С. и дека е потребно да се вложат дополнителни напори со оглед дека одбраната доставила доказ, оригинален извод дека е мажена со адреса на живеење во Германија.

– Не е вложен доволно напор од државните органи. Судот ќе испрати уште една ургенција со назнака „итно“ до органите. СЈО се задолжува да направи напори да го обезбеди сведокот за следната главна расправа, изјави судијката Ристова, образложувајќи ја одлуката на судот да се одбие предлогот на СЈО за читање на исказ даден од сведокот пред јавен обвинител во истражна постапка.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите Алими и Гури од ДУИ му се заканувале дека ќе му ја расплачат фамилијата на каурот Бубевски од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Јакимовски неговото ставање на „црната листа„ е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата

Редакција

Македонскиот пасош на 16. место во светот, помоќен е и од американскиот

Редакција

И Пендаровски во Минхен се сретна со Петков

Редакција